Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а дали Хрватот и шпанскиот клуб ќе продолжат заедно и во следната сезона останува отворено прашање. Во минатото 38-годишникот одбиваше богати понуди од Саудиска Арабија со цел да остане „крал“, но дали ќе биде така и по оваа сезона со оглед на тоа како се одвиваат работите е голема дилема.
Модриќ го загуби местото во првите единаесетмина, а тоа предизвикува големо незадоволство кај него, пренесува шпанскиот медиум „Спорт“. Поради тоа Хрватот влегол во конфликт и со тренерот Карло Анчелоти и нивниот однос е потполно нарушен.
Италијанецот не чувствува вина бидејќи никогаш не му ветил на Хрватот дека ќе има постојано место во тимот и не гледа причина за незадоволство, но според новинарот Алехандро Алказар целата ситуација лошо се одвива на атмосферата во соблекувалната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА