Уште не стапнати на тревникот на националната арена во Скопје, шпанските репрезентатвци веднаш беа „нападнати“ од трибините на нашиот најголем стадион. Но, „нападнати“ за прегратки и спомен фотографија од македонските фанови…
Веднаш по излегувањето за загравање, голманот на „фуријата“ Давид Де Хеа беше пресретнат од неколку дечиња кои се стрчаа од Источната трибина на „Телеком арената“.
Сепак, брзо беа пресретнати од редарските служби и вратени на трибините. Де Хеа, сепак, не ги остави без прегратка и фотографија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА