Шпанската кошаркарска репрезентација се соочува со огромен проблем во пресрет на Евробаскет 2017 по повредата што Серхио Љуљ ја заработи на синоќешниот дуел со Белгија.
Бекот на Реал Мадрид настрада без посилен контакт со противничкиот кошаркар, останувајќи да лежи во агонија, држејќи се за коленото. Тој веднаш беше пренесен во локалната болница, но прогнозите воопшто не се добри, првите информации велат дека станува збор за проблем со лигаментите и Љуљ ќе мора да паузира најмалку четири месеци од терените.
Јасно е дека по серијата откажувања, евентуалното неиграње на Љуљ ќе биде огромен хендикеп за „црвената фурија“, која со преполовен состав тешко дека ќе успее да стигне до посакуваниот златен медал на претстојниот европски шампионат.
Terrible. No pinta nada bien la lesión de Llull. pic.twitter.com/OBTlaOROqm
— Aarón Morales (@Aaron_Morales_) August 9, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА