Шпанските медиуми со суперлативи се изразуваат за македонскиот репрезентативец Енис Барди по неговата нова извонредна партија за Леванте и двата прекрасни погодоци против Барселона.
Леванте славеше со 5-4 нанесувајќи му го на каталонскиот тим првиот пораз сезонава, а Барди сето тоа го зачини со два погодоци од кои првиот вистинско ремек-дело…
„Неверојатно. Шут прецизен до беспрекорност. Па, Барди како да има далечински управувач во ногата. Погледнувајќи ги и погодоците од слободен удар слободно може да се каже дека неговите шутеви се теледиригирани“ – пишува „Ас“.
Уште во првата своја сезона во шпанската Ла Лига, Енис Барди со 9 гола е најдобар стрелец во тимот на Леванте, а е меѓу 20 најдобри стрелци во шампионатот на Шпанија. Интересно, седум од неговите девет погодоци се постигнати со шут надвор од противничкиот шеснаесетник што веќе го издвојува како еден од најдобрите шутери во шпанското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА