Струга ТЛ е во потрага по нов тренер, по (не)очекуваната разделба со Срѓан Захариевски. Лидерот на табелата после двете ремија со Тиквеш и со Македонија ЃП во пролетниот дел од сезоната, објави дека се разделува со Захариевски после три години „мандат“ на клупата.
Екс тренерот на тетовска Шкендија, Шпетим Дуро е најсериозен кандидат да го замени Захариевски. Исто така ЕКИПА дознава дека во опција е и поранешниот тренер на Шкупи, Ардијан Нухиу, кој работеше и во косовска Дрита.
Дуро последно го водеше тимот на Егнатија од Албанија, а два пати беше на клупата на Шкендија (2013/2014 и 2015 година), и добро му е познат македонскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА