Германските медиуми го обвинија напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, дека силувал една девојка во Лас Вегас, а потоа и платил за да молчи за тоа. Тешките обвинувања за Роналдо ги изнесе реномираниот германски весник „Шпигел“, повикувајќи се на документите што весникот ги добил во рамките на проектот „Football Leaks“.
Според инфмрациите што ги објави „Шпигел“, Роналдо на 13 јуни 2009 година, силувал 20-годишна девојка во својот апартман во Лас Вегас, а потоа и платил 375.000 долари за да молчи.
Весникот наведува докази дека Роналдо со жртвата се договорил на 12 јануари 2010 година, а договорот го потпишал неговиот адвокат Карло Осорио де Кастро.
Девојката се согласила на договорот под еден услов – Роналдо морал да го прочита нејзиното писмо напишано на шест страници во кое таа ги опишува своите чувства и повредите со кои се здобила.
Девојката наводниот напад тој ден го пријавила во полиција, но во телефонскиот разговор не го именувала Роналдо туку само рекла дека се работи за јавна личност и познат спортист.
По договорот со португалскиот фудбалер, таа одлучила да ја повлече пријавата, а на неговите адвокати им ги доставила и имињата на сите со кои разговарала за наводниот напад и со писмена изјава се обврзала дека ќе ги уништи сите докази.
По откривањето на инцидентот, „Шпигл“ побарал коментар од Роналдо за наводните обвинувања. Во име на фудбалерот, изјава дал неговиот германски адвокат, Јоханес Креил, кој истакнал дека “обвинувањата кои се имплицирани, треба да се отфрлат како неточни“ и дека неговиот клиент „ќе преземе акција против невистинитите тврдења и сите повреди на неговите лични права“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА