„Шраубата“ на Бомбач, гол што ретко се гледа (ВИДЕО)

Кјелце загуби од ПСЖ на домашен терен (28-34) во првиот натпревар од четвртфиналниот дуел во Лигата на шампионите, но за утеха, полскиот првак го има најубавиот гол на овој меч, во изведба на  Дејан Бомбач.

Словенечкиот плејмејкер мајсторски ја издрибла одбраната на ПСЖ и со гол каков што ретко се гледа од зад грб, донесе изедначување за Кјелце на 4-4. Оваа мајсторија на Бомбач делуваше мотивирачки за противникот кој после тоа направи серија од 4-0 и наметна страотно темпо во кое го „сомле“ Кјелце и обезбеди победа која ПСЖ го носи чекор поблиску до Ф4 турнирот во Келн.

Се вчитува...