Шредер: Најлошиот меч во кариерата

Германија во Манила едвај ја победи Летонија со 81-79 за пласман во полуфиналето на Мундобаскетот.

Најдобриот кошаркар на Германците, Денис Шредер на овој натпревар беше очаен со само девет поени за 31 минута игра, притоа со шут од 4/26 од поле (од нив 0/10 за три поени), четири загубени топки и четири лични грешки…

„И покрај мојата лоша игра најдовме начин да го добиеме натпреварот. Горд сум на момците, и на стартерит и посебно на оние од клупата кои ја донесоа победата. Само сакав да бидам позитивен на овој меч. Не можете да контролирате дали ќе промашувате или ќе ги погодите шутевите. Но, она што може да се контролира е да бидете позитивни, па разговарав со соиграчите и како капитен и како лидер. Среќен сум што сите тие беа на ниво и го добивме натпреварот, иако ова беше мој најлош меч во кариерата“ – истакна Шредер по победата над Летонија.

Едно е јасно, германскиот ас ќе мора да биде на далеку повисоко ниво во полуфинале, каде за противник ќе ја има селекцијата на САД.

Се вчитува...