Капитенот на германската репрезентација и МВП на Евробаскетот, Денис Шрудер, смета дека Ергин Атаман не ја заслужил наградата за најдобар тренер на Евробаскетот.
Германија стана шампион на Европа, откако ја победи Турција со резултат од 88-83 по неизвесна завршница.
Шрудер кој заедно со Исак Бонга беше најзаслужен за триумфот на Германците во финалето, беше прогласен за МВП на турнирот, а наградата за најдобар тренер му припадна на турскиот тренер Ергин Атаман, иако неговиот тим не успеа во финалето.
Тоа не му се допадна на Шрудер, кој јавно го изрази своето незадоволство од одлуката на ФИБА. Атаман очигледно го испровоцира Шрудер со своите оптимистички изјави пред натпреварот, па германскиот капитен реши да му ја затвори устата. Турчинот се удираше по градите, рече дека е најдобар во Европа, дека нема да го изгуби финалето, а тоа му се удри од глава.
„Атаман, од**би од тука! Најдобар тренер, како па да не“, рече германскиот капитен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

