Шрудер го чекал на паркинг и сакал да го тепа Лука Дончиќ… (ВИДЕО)

Не е никаква новост ако се каже дека кошаркарите во НБА често доаѓаат до меѓусебен судир на паркетот, но никогаш не се случило да се чекаат за физичка пресметка надвор од него.

Сепак, ете се случило да се чекаат еден со друг по натпревар. Се појави информација дека Денис Шрудер сакал да се пресмета со Лука Дончиќ по натпреварот одигран меѓу двата тима на 28 декември.

Лејкерсите тогаш славеа, но двајцата кошаркари се „боцкаа“ еден со друг во текот на целиот натпревар. Сепак, се очекуваше дека ќе останат на тоа.

Шрудер не го прифатил тоа на најдобар начин и решил да почека Дончиќ по натпреварот да излезе од салата и на паркингот да има физичка пресметка со него. НБА објави дека Германецот е суспендиран на три натпревари затоа што „сакал и се обидел да удри противнички играч по завршување на натпревар“, додека Крис Бејнс известува дека играчот кој требало да биде тепан бил токму словенечкиот ас.

Тренерот на Сакраменто, Даг Кристи, со помош на играчите успеал некако да го одвлече Шрудер, додека Лука и неговиот татко, Саша Дончиќ, се повлекле кон својот автомобил.

Се вчитува...