Шрудер ја предводи најдобрата петорка на Мундобаскетот

Кошаркарската репрезентација на Германија е нов светски шампион откако во финалето на Мундобаскетот во Филипини, Јапонија и Индонезија славеше над Србија со 83-77.

Германскиот капитен Денис Шрудер беше избран за најкорисен кошаркар на турнирот, а друштво во најдобриот тим му прават Богдан Богдановиќ (Србија), Ентони Едвардс (САД), Шаи Гилџс Александер (Канада) и Лука Дончиќ (Словенија).

 

Се вчитува...