Штафан Олсон ги одбра патниците на СП 2023

Селекторот на ракометната репрезентација на Холандија, Штафан Олсон го скрати списокот на ракометари на кои ќе смета на Светското првенство 2023 година во Шведска и Полска.

Олсон одбра 18 ракометари со кои ќе им се спротистави на Македонија, Норвешка и Аргентина во групата која ќе се игра во полскиот Краков. Тимот ќе го предводат Лук Стеинс од ПСЖ како и Каи Смитс од Магдебург.

Македонија и Холандија ќе играат на 15 јануари, а во групата се уште Аргентина и Норвешка.

 

Се вчитува...