ЕКИПА во Берлин,
Стеван Цаневски
Германските репрезентативци немаат намера да се опуштат и да ја потценат Македонија во неделната пресметка меѓу овие две селекции. За домашната селекција математиката е едноставна, победа над Македонија носи сигурен пласман во следната фаза, но Кристоф Штајнерт вели дека сепак нема да биде лесно против нашата репрезентација.
„Го изгледавме натпреварот на Македонија со Франција. Потешко е да се подготвиме за дуелот со македонскиот тим отколку со останатите. Причината е дека веројатно нема да играме шест на шест, туку тие играа со човек повеќе и ќе биде тешко. Се подготвувавме за игра седум на шест во одбрана. Сметам дека дефанзивата ќе биде најважен клуч на овој турнир“, вели Штајнтерт.
Натпреварот меѓу Македонија и Германија кој ќе се игра утре е закажан со почеток во 20.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА