Штефан Вујчиќ се враќа во Работнички?

Германскиот интернационалец Штефан Вујчиќ оваа зима си заминува од редовите на Шкендија, а најверојатна опција за него е да се врати во редовите на Работнички, од каде и замина во тетовскиот прволигаш. Искусниот играч за врска имаше сериозна повреда на коленото која го оддалечи од фудбалските терени во изминатиот период, но се очекува да се врати во натпреварувачки ритам до почетокот на пролетниот дел од шампионатот.

Работнички веќе му најавил на Вујчиќ дека вратите од клубот за него се ширум отворени, па се очекува Вујчиќ во наредните денови, до почетокот на зимските подготовки да одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера. Тој има понуда да замине и во редовите на албанскиот тим Фљамуртари, но, сепак, многу пореално е повторно да се врати меѓу „романтичарите“.

Засега од составот на Работнички си заминаа Ерменецот Погосјан, како и Илиев и Кадриу.

Се вчитува...