Штербик: Дојдов „од дневна соба“, пеналите ги бранев зошто не морав многу да скокам

Шпанија со извонредна колективна игра го зеде скалпот на Франција и се пласираше во финалето од ЕП 2018, но во главна улога се најде Арпад Штербик. Голманот на Вардар во 14.30 часот вчера допатува во Загреб, а неполни четири часа подоцна одбрани три пенали на француските ракометари, давајќи свој значаен придонес во големата победа.

Во изјава по натпреварот Штербик призна дека бил изненаден од повикот додека се наоѓал во Скопје, но и дека не е најподготвен за да брани цел натпревар за Шпанија.

Горе-долу, точни се „приказните“ дека доаѓам од својата дневна соба. Во последно време не играв многу ракомет, нашиот тренер беше на ова првенство, а вториот тренер исто така имаше обврски. Не сум најподготвен, ако се бараше од мене да бранам цел натпревар не верувам дека ќе издржев. Ги одбранив пеналите бидејќи не е неопходно многу да се скока, туку е само момент на концентрација и инспирација“ – истакна Штербик.

Се вчитува...