Голманот на Вардар, Арпад Штербик го доби признание за најдобар играч во 5. коло од Лигата на шампионите.
Според гласањето на ракометните фанови од Европа, преку фејсбук страницата на ЛШ, Арпад Штербик убедливо е избран за МВП на колото во кое Вардар славеше против Барселона во Скопје. Штербик тогаш зад своето има остави 14 одбрани со кои беше најзаслужен за триумфот на „вардарци“.
Претходно, Штербик со гласање на фановите го доби признанието од ЕХФ и за играч на месец октомври.
Инаку, за последното 6. коло од ЛШ, кое се играше изминатиов викенд, ниту еден ракометар на Вардар или Металург не се најде во идеалниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА