Штербик: Ја освоивме титулата, ги израдувавме навивачите

Со Арпад Штербик на голот се изгледа многу полесно, па дури и освојувањето на шампионската титула. Искусниот голман на Вардар има огромна заслуга за големите победи на „црвено-црните“  на Ф4 турнирот во Келн и за освојуавањето на победничкиот пехар во Лигата на шампионите. На шампионската титула Арпад Штербик ја додаде и титулата МВП на Ф4 турнирот во Келн.

„Ова е голем успех за нас. Мило ми е што ја освоивме титулата и што ги израдувавме навивачите и сите што се во Вардар. Ако ме прашате дали пред почетокот бевме сигурни дека ќе победиме, ќе ви кажам  – тешко. Не можеш да бидеш сигурен кога имаш такви противници како Пари Сен Жермен, Барселона, Веспрем. Но, ние успеавме да ја освоиме титулата. Вардар има многу млада екипа, со исклучок на нас 2-3 што сме повозрасни. Искрено, не очекував дека овие млади играчи ќе одиграат толку зрело и смирено. Мило ми е за нашите млади играчи што одиграа вака “ – истакна Арпад Штербик по пристигнувањето на новите европски шампион.

Се вчитува...