Искусниот голман Арпад Штербик оптимистички гледа на четвртфиналниот двомеч против Фленсбург во Лигата на шампионите. Тој смета дека Вардар има квалитетна екипа, а очекува и неопходна поддршка од публиката в сабота во Фленсбург, а потоа и наредниот четврток во „Јане Сандански“, за да се направи толку посакуваниот исчекор за пласман на Ф4 турнирот во Келн.
„Овде сме каде што сакавме да бидеме. Имаме еден противник кој многу го почитувам, освоија многу во изминативе години, сигурно нема да ни биде лесно. Но, мислам дека годинава имаме квалитетна екипа, а и ако ги погледнеме нашите резултати годинава, сметам дека имаме добри шанси. Убеден сум и верувам во нашата екипа, во нашата публика и во цела Македонија дека сме подготвени и ние како Вардар и македонскиот ракомет да го направиме тој чекор напред и да се пласираме на Ф4 во Келн“, истакна на прес – конференцијата Арпад Штербик, еден од најголемите адути на Вардар за историски пласман меѓу четирите најдобри екипи во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА