Голманот на Вардар, Арпад Штербик, го нема во потесниот состав на репрезентацијата на Шпанија за настап на ЕП 2018 во Хрватска (12-27 јануари). Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера повика 19 ракометари за завршните подготовки пред Европското првенство. Прв избор на голманската позиција во селекцијата на Шпанија е голманот на Барселона, Гонзало Перез де Варгас, а на спсиокот се уште и Родриго Коралес (ПСЖ) и Серхи Хернандез (Анаитасуна).
Од тројцата Шпанци во Вардар, во комбинација за настап на ЕП 2018, остана само Жоан Кањељас, а Арпад Штербик и Хорхе Македа не се во плановите на селекторот Рибера. Во составот на Шпанија на ЕП 2018 ќе го нема ни капитенот на Барселона, Виктор Томас. На негово место на десно крило е повикан Феран Соле од тимот на Тулуз. Новина во составот на шпанската репрезентација се младинскиите репрезенативци, Даниел Душебаев и Антонио Базан.
Репрезентацијата на Шпанија со подготовките стартува на 26 декември во Сарагоса. Во склоп на подготовките, Шпанците од 5 до 7 јануари ќе настапат на Меморијалниот турнир „Барсенас“ во Виго и Понтеведра.
На ЕП во Хрватска, репрезентацијата на Шпанија ќе игра во групата Д во Вараждин заедно со Данска, Чешка и Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА