Штербик: Потешко е да дојдеш на Ф4, отколку да го освоиш!

ЕКИПА во Келн, 

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Велат во ракометот..купи го Никола Карабатиќ и ќе бидеш шампион. Ама не е баш така. Има една друга, уште постара девиза. Имај го Арпад Штербик на голот..и ќе станеш шампион. И Вардар го стори токму тоа. Го купи Штербик, и неверојатниот голман со своето искуство го носеше тимот до врвот на Европа.

„Имам јас многу искуство. Многу финалиња, победи, титули. Но, видете, едно е да дојдеш на Ф4 како фаворит, а друго е со тим како Вардар, кој првпат настапува на завршница. Јас секогаш велев, и пак тоа ќе го кажам. Потешко е да дојдеш на Ф4, отколку да го освоиш. Бевме умерени во очекувањата, изјавите, но се фокусиравме максимално на натпреварите. и успеавме, секоја чест до сите момци, ракометарите, стручниот штаб, раководството, навивачите…сите. Мислам дека го заслуживме овој голем успех со сето она што го вложивме оваа сезона“, изјави Арпад Штербик, МВП играчот на Ф4 турнирот во ЛШ.

Тој сака да продолжи да игра, барем уште една сезона, за повторно да дојде во Келн.

„Велат дека е најубаво да се повлеше кога си на врвот. Но, не знам. Јас сакам уште еднаш да дојдам овде во Келн“, истакна големиот Арпад.

Се вчитува...