Арпад Штербик, добивајќи дополнителен повик за приклучување на репрезентацијата по повредата на Гонзало Перез де Варгас, треба да биде адутот на Шпанија во битката за медал на Европското првенство во Хрватска.
Шпанија од 18 часот ја очекува полуфиналето против Франција, носени силно од желбата за место во финалето…
„Дојдов во Загреб за да им помогнам на моите пријатели и колеги од репрезентацијата да дојдеме до медал на ЕП. Јас не сум имал натпревар од 14. декември, но верувам дека можеме да дојдеме до нашите цели а тоа е медал. Знам дека можеме да успееме во тоа. Не чека тежок меч со Франција, на мене останува многу брзо да се адаптирам и пред се психолошки да се подготвам“ – вели Штербик пред денешното полуфинале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА