ЕКИПА во Брест, Белорусија
Томас Ѓорѓиевски
Првиот голман на Вардар, Арпад Штербик по преспиената ноќ по пласманот во финалето на СЕХА лигата, самокритичен околу вчерашното издание на голманите на македонскиот шампион на пресметката со ППД Загреб.
Штербик верува дека еден таков ден не може да се повтори…
„Верувам дека едно такво лошо издание на може да се повтори. Цела среќа што и нивните голмани нешто не беа на ниво, па на крај најважно е дека победивме. Во секој случај ова не смее да се повтори. Затоа што ако се повтори тогаш сигурно не може да се победи тим како Веспрем. Вчера не го следевме дуелот на Веспрем со Брест, затоа што имавме рехабилитација и опуштање по нашиот меч, но денеска ќе ја анализираме и таа средба и играта на унгарскиот тим. Сега во финалето мора да одиграме многу подобро од дуелот со Загреб, ако го сакаме трофејот… Пред се мора и голманите многу подобро“ – низ смеа прокоментира Штербик на денешната средба со македонскиите медиуми овде во Брест, во очекување на финалните подготовки за утрешното финале.
„Вардарци“ денеска од 17 часот ќе го одработат и последниот тренинг пред финалето со Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА