ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски
Арпад Штербик влезе во игра пред крајот на првото полувреме и со неколку интервенции во серија направи разлика на теренот. Сепак, придонесот на поранешниот голман на Вардар беше недоволен за „црвената фурија“ да може да триумфира на натпреварот против Франција.
„Мислам дека пораззот е реален бидејќи Франција беше подобра на теренот, го контролираше резултатот и на крајот заслужено победи. Ние на моменти се враќавме, влегувавме во ритам, но не успеавме да го свртиме мечот во наша полза. Со ваква игра не се добива Франција, на сите ни е јасно дека мораме да играме многу подобро, но мислам дека за нас има поважни приоритети – создавање на моќен тим за ОИ во Токио. Затоа треба да се насочиме на следните натпревари, да оствариме што подобар резултат. Ме радува и покажаниот карактер, што не се предадовме до самиот финиш, се боревме буквално до последната секунда“ – изјави Штербик по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА