Арпад Штербик дефинитивно е најголемата ѕвезда што го има облечено дресот на Вардар, а извонредниот голман веќе му донесе на македонскиот тим и една европска круна. Тој веќе го има договорено трансферот во Веспрем, но не ја крие желбата, претходно да се закити со уште една титула во ЛШ и среќен да го напушти таборот на „црвено-црните“
„Желба ми е што повеќе да постигне клубот и јас лично. На 1 јуни кога ќе ја затвориме сезоната сите да бидеме задоволни. Истото се однесување и на СЕХА-лигата. Има неколку сериозни кандидати за трофејот: Загреб, Мешков и Целје. Не знам каде ќе се организира турнирот. Целје е сериозен тим и тоа го покажува и во лигата на шампионите. Ако се игра во Словенија ќе бидат фаворити“ – истакнува Штербик во разговорот за клупската веб-страница.
Големината на асовите најчесто се гледа во нивната скромност, како што е случајот и со „Арпад велики“, кој секогаш комплиментите ги дели со своите соиграчи кои имаат придонес во одбраната.
„Не може се сам голманот, треба да има некој договор со одбраната. Колку е таа добра, толку и голманот има полесна задача. Годинава поставивме висока одбрана и физички сме силни. Можеби и затоа сме добри на сите натпревари. Има доста ситуации кога играчот ќе скокне од 9 метри а пред пред него е Борозан и Криштопанс, прво размислува како нив да ги мине, па дури потоа за мене“ – изјавува Арпад Штербик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА