Штербик знае како: Финалињата се играат за да се победат!

Првата и втората фаза од Европското првенство во Хрватска ги гледаше од „дневната соба“, а потоа го повикаа на помош и како еден од најголемите во историјата на ракометниот спорт, Арпад Штербик им помогна на Шпанците да го освојат медалот што им недостигаше. Со одличните одбрани во полуфиналето, и посебно во финалето, ја водеше Шпанија до европското злато.

„Финалињата се играат за да се победат. Не чувствувам многу замор, затоа што бранев вкупно околу половина час на ова ЕП. Во првото полувреме имавме грешки во нападот, имавме негатива, но потоа се беше на наша страна. Драго ми е што успеавме да го сториме ова. Се разбира, сега ќе одиме малку и да прославиме. Познавајќи ја екипата…ќе одиме до крајот“, изјави Арпад Штербик по освојувањето на европската круна со Шпанија.

Тој, заедно со Жоан Канелјас и Алекс Душебајев, ги обединија европските круни и во клупска и во репрезентативна конкуренција.

Се вчитува...