Александар Штерјов и Никола Караколев и во наредната сезона ќе бидат соиграчи, но не во дресот на Куманово, тим чии бои ги бранеа во ланскиот шампионат.
Двајцата искусни кошаркари се наоѓаат многу близу до преселба во Кожув, откако добиле примамливи понуди од страна на клубот од Гевгелија. Штерјов уште од почетокот на летово беше поврзуван со овој клуб, а во ситуација кога Кожув потпиша нови договори со неколку млади кошаркари јасна е желбата на раководството со доаѓањето на Караколев да се добие и еден поискусен домашен играч.
Кожув во текот на вчерашниот ден потпиша договори со седум кошаркари, а клубот од Гевгелија воедно и обелодени дека во новата сезона ќе се натпреварува и во БИБЛ-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА