Победа во Охрид ќе го пречека актуелниот шампион Вардар, па иако е тоа неутрален терен, сепак, тренерот Зоран Штерјовски се надева дека неговиот тим може да остане непоразен во дуелот со големиот фаворит. Но, за тоа е потребно, како што вели, да не се прецени Вардар.
„Доколку не го прецениме противникот, можеме да сметаме на успех на натпреварот со Вардар. Шампионот е силен, без разлика дали игра со прв или со втор состав. Тоа сепак е квалитетен тим, бидејќи има голем ростер на квалитетни играчи и секако дека неиграњето на тројца фудбалери нема многу да влијае врз играта на овој тим. Единствено позитивно за нас е тоа што Фелипе е фудбалерот што навистина ќе недостига во таборот на противникот. Тој е еден од најдобрите играчи во првенството и навистина со својот квалитет прави разлика на теренот. Се надевам дека овој ќе биде последниот натпревар кој ќе го играме надвор од Прилеп и секако, посакувам да останеме непоразени“, вели стратегот на Победа во пресрет на денешниот дуел со Вардар на СРЦ „Атина Бојаџи“ во Охрид.
ПРВА ЛИГА, ДВОЈКИ (21.КОЛО) – 14 часот
ПОБЕДА – ВАРДАР
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА