Победа со 2-0 загуби на гостувањето против Силекс во Кратово во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига. Шефот на стручниот штаб на Победа, Зоран Штерјовски смета дека неговиот тим заслужил бод на овој дуел, а победникот го одлучил црвениот картон на Георгиевски кој, според него, бил престрого досуден…
„Гледачите во првото полувреме видоа натпревар во кој играта беше изедначена без некои посериозни прилики за гол од двете страни. Во второто полувреме почнавме да имаме поголема контрола врз натпреварот со влегувањето на Цветаноски, имавме неколку полуконтри каде моравме да реагираме подобро. Но, потоа дојде исклучувањето на Георгиевски со втор жолт картон кој беше премногу строго санкциониран од судијата Мавров за што немеше никаков прекршок во таа ситуација и тој момент – црвениот картон беше пресуден за исходот на натпреварот. Потоа се повреди и Најдовски, по еден брутален старт на Филиповиќ со две нозе, старт кој според мене беше за директен црвен картон. По примениот гол тргнавме на се или ништо со воведување на двајца напаѓачи а во судиското продолжение по слободен удар за нас противникот од контранапад ја завери победата“ – вели Штерјовски.
Капитенот на прилепчани, Александар Крсетски вели дека тимот, како и да е, мора веднаш да се фокусира на следните предизвици затоа што го чека тешка битка за опстанок…
„Останува да жалиме што не освоивме барем бод на натпреварот со Силекс затоа што бевме рамноправен противник. Но. овој меч мора да го заборавиме и да продолжиме понатаму. Не очекуваат два тешки натпревари со претендентите за титулата Вардар и Шкендија. Ние на секој меч ќе влеземе со желба да освојуваме бодови кои ни се повеќе од потребни во борбата за опстанок“ – вели Крстески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА