Победа одигра реми без голови во Ѓорче Петров и ја задржа предноста од пет бода во однос на „лавовите“, во битката за избегнување на најлошото и обезбедување опстанок. Но, прилепчани сакаат да го избегнат и баражот, па ќе се потрудат во завршницата од шампионатот да освојат што е можно повеќе бодови.
Утре на игралиштето на Могила ќе го пречекаат Работнички, а тренерот Зоран Штерјовски се надева дека неговиот тим може да оствари позитивен резултат.
„Утре не очекува натпревар со Работнички, противник кој е во горниот дел на табелата и кој бележи значителни резултати во овој период. Ми се чини дека со ваквите тимови играме подисциплинирано и на некој начин имаме поголема мотивација и подобро се снаоѓаме. Секако дека Работнички е квалитетен тим, но нам ни одговара тим кој игра отворен фудбал и тим кој сака да се надигрува со секого. Ние, се разбира, треба позитивно да одговориме на овој предизвик. Се надевам дека овој трет натпревар на домашен терен ќе ни донесе позитивен резултат“, вели тренерот на Победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА