Од четири голови негатива на полувреме, Алкалоид беше блиску до победа на гостувањето кај Баја Маре, но на крајот одигра нерешено 31-31. Но, и овој резултатму носи надеж дека на реваншот во Скопје македонскиот тим ќе триумфира, и ќе обезбеди пласман во полуфиналето во Европскиот куп.
Иако беа се чини во лоша ситуација по првите половина час, кога романскиот претставник имаше предност од 19-15, сепак, избраниците на Кире Лазаров се разбудија во второто полувреме, и на крајот успеаја да останат непоразени.
Пресвртот се случи на стартот на вториот дел. И покрај тоа што Баја Маре дојде и до пет голови предност на два пати (20-15 и 21-16), сепак, тоа беше знак за будење на момците на Кире Лазаров, па од 23-19, постигнаа пет голови по ред за предност од 23-24, втори видстви после она почетно 0-1.
Сепак, Алкалоид треба да жали што не го чека реваншот со предност, затоа што во еден миг имаше предност изнесуваше и од +3 голови (24-27), а во финишот имаше и два гола предност, но Романците успеаја да намалат, а потоа и да израмнат.
Мартин Серафимов и Александар Петковски со по седум голови беа најефикасни кај Алкалоид. Наѓ, Далин, Козакевич, Бурзак и Поп кај Романците постигнаа по четири голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА