ШТЕТА: Ѓорческа поразена во финалето на фјучрсот во Србија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа ја освои титулата на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска бања откако во финалето загуби од Романката, Миријам Бјанка Булгару со 2-1, по сетови 5-7, 6-1 и 6-0.

По голема борба нашата тенисерка успеа да го добие првиот сет со 7-5 и да поведе во големото финале против Романката. Сепак, Лина како да остана без сила во следните два сета.

Романската тенисерка одигра на ниво и на крајот успеа да слави со 6-1 и 6-0 за конечен триумф од 2-1.

И покрај поразот во финалето, одличната недела во Србија на Ѓорческа ќе и донесе напредок на новата ВТА листа.

Се вчитува...