Женската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе нов пораз во квалификациите за Евробаскет, овојпат на домашен терен од селекцијата на Германија со убедливи 47-71. Иако конечниот исход е убедлив во корист на потивникот, мора да се истакне дека нашите кошаркарки три четвртини целосно му парираа на поквалитетниот ривал, но немаа сили да го издржат темпото во завршните 10 минути, што резултираше со конечни „минус 23“.
Првата четвртина донесе неизвесна борба што македонките репрезентативки ја загубија со минимални 16-18. Откако стана јасно дека можат да се надигруваат со ривалите, нашите кошаркарки одиграа одлична втора четвртина во одбраната, добивајќи ја со 19-9 и на одмор заминувајќи со водство од 35-27. Македонија имаше предност се до 30. минута, кога Германија за првпат по подолга пауза стигна до предност. За жал, толку беа и силите на нашиот национален тим на овој натпревар, нашите кошаркарки во последните десет минути постигнаа само три поени (3-24) и на крајот претрпеа убедлив пораз.
Американката Хемпе беше најефикасна во нашиот табор со 20 поени, Антиќ постигна осум, а Трајчевска седум поени за Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА