ШТЕТА: Македонија без Адеми против Малта, по неговата повреда на синоќешниот тренинг

Македонската репрезентација, за жал, ќе биде без еден од своите најдобри фудбалери Аријан Адеми во стартниот состав на денешниот натпревар против Малта на стартот од квалификациите за ЕП 2024.

На синоќешниот официјален тренинг на репрезентацијата на националната арена, играчот од средниот ред се пожали на повреда, по што предвреме го заврши тренингот. Во текот на денешниот ден Адеми, како што дознава ЕКИПА, бил подложен на детални лекарски прегледи по што се чинеше дека ќе може да го стартува натпреварот, но фудбалерот за врска чувствува болки поради што нема да се ризикува. На негово место во почетниот тим се очекува во средниот ред да стартува Јани Атанасов.

Сепак, се очекува Адеми да биде на клупата на националниот тим па доколку е неопходно да собере сили и да настапува ако е потребен на македонската репрезентација.

Адеми нема играно за националниот тим точно една година. Последен настап му беше против Португалија на 22. март во финалниот бараж за пласман на Светското првенство во Катар. Ги пропушти сите натпревари од Лигата на Нации на Македонија, а сега се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски.

Се вчитува...