Штета: Пораз за крај, Работнички испушти шанса за прва радост во АБА2

Работнички со шест порази на шест натпревари го заврши овосезонскиот настап во АБА2 лигата откако скопските „црвено-бели“ вечерва загубија и во рамките од последното коло, и тоа на домашен терен од Војводина со . Изгледот на групата веќе беше извесен, Војводина со пласман во следната фаза, а Работнички без можност да побегне од „фенерот“, што придонесе гостите да дојдат во Скопје без неклку стаандардни кошаркари.

Гостите од Нови Сад одлично  ја отворија средбата, доминирајќи во првата четвртина и поведувајќи со 11-25. Работнички покажа карактер и успеа да се врати, добивајќи ја втората четвртина со 24-13. Војводина имаше предност од 51-60, но во рок од пет минути „центарци“ направија серија од 10-0 и го свртеа резултатот во своја полза. Во неизвесна завршница Работнички имаше и напад за победа, но обидот на Капетановиќ не беше прецизен, дуелот заврши со 64-64 и победникот мораше да биде решен во продолжение.

Војводина го контролираше резултатот и во дополнителните пет минути, Работнички пропушти можност да израмни во последната минута кога Полутак не реализираше слободно фрлање при 70-71, по што српскиот тим го приведе мечот до крај, триумфирајќи со конелните 70-74.

Полутак оствари дабл-дабл од 26 поени и 10 скокови, Ефремовски реализираше 21 поен, што на крајот сепак се покажа недоволно за македонскиот тим да стигне барем до утешна победа во регионалното натпреварување.

Се вчитува...