ШТЕТА: Релјиќ нема да се бори за медал на ЛОИ

Македонската таеквондистка, Милијана Релјиќ го заврши настапот на ЛОИ во Париз. Останува штета што таа нема да се бори за медал, бидејќи беше многу блиску до полуфинале откако изгуби во две тесни рунди од Либанката Летисија Ајун.

Единствена шанса преку репасажот да дојде до борбата за медал, Ајун требаше да победи во полуфиналето, но сепак таа доживеа пораз од Иранката, Нахид Кијаничандех.

Релјиќ сепак има одличен настап на игрите откако во првото коло славеше над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс и на крајот заврши меѓу осумте најдобри на игрите во Париз.

Се вчитува...