Српскиот репрезентативец, Владимир Штимац по само една сезона го напушта турскиот вицепрвак Бешикташ, и се сели во редовите на Анадолу Ефес. 29-годишниот центар потпиша едногодишен договор вреден 550.000 долари, со можност да ја продолжи соработката на уште една сезона, во зависност од учинокот.
Во дресот на Бешикташ имаше одлична сезона, со просечен учинок од 13.3 поени по натпревар и 9.5 скока во Лигата на шампиони, а малку му фалеше да стигне до просечен дабл-дабл учинок и во турското првенство, каде бележеше по 14.3 поени и 9.6 скока по натпревар.
За Штимац ова е дури 13 клуб во кариерата. Покрај Бешикташ, Србинот ги бранеше боите на Жалгирис, Валмиера, Вентсплис, Нимбурк, Олин Едирн баскет, Банвит, Уникаха Малага, Баен Минхен, Естудиантес, додека во два наврати го носеше дресот на Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА