Големата криза во Фенербахче придонесе управата и тренерот Обрадовиќ да направат рокада во тимот. Центарската позиција остана најтенка по новата повреда на Весели, па затоа беше донесена одлука за завршување на соработката со Владимир Штимац. Србинот беше донесен како резервна опција со договор до крајот на декември, а „сино-жолтите“ решија да не ја продолжат соработката со него.
Според последните информации, Црвена Звезда е голем фаворит за потписот на Штимац, со што првакот на АБА-лигата уште повеќе би ја засилил центарската позиција по ангажманот на Јагодиќ – Куриџа од Приморска.
Фенербахче веднаш донесе нов играч на негово место, станува збор за Американецот Малком Томас (31 година, 206 сантиметри). Тој три години настапувае за Химки во Евролигата, а во Фенер доаѓа откако досегшаниот дел од сезоната го мина во Кина, во просек постигнувајќи по 15,7 поени и 13 скокови во дресот на Шанџи Лунгс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА