Штип до крајот на годината ќе добие модерен, репрезентативен, стадион (ФОТО)

Штип до крајот на годината ќе добие модерен и репрезентативен стадион со категоризација за натпревари и од највисок ранг во Европа, информираше денеска градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Како што соопшти Јорданов денеска се стартуваше и со внатрешно уредување и изведба на нова пристапна улица и нов влез со дополнителни паркинг места.

„Според динамиката на градежните работи до почетокот на новата сезона очекуваме да биде завршена Западната трибина. Општина Штип ќе ги изврши сите неопходни активности за изградба и на Источната трибина за градскиот стадион да биде по сите европски стандарди со што Штип ќе биде спремен да пречека големи фудбалски клубови и имиња“ – вели Јорданов.

Како што е познато, Западната трибина на стадионот во Штип во моментов се гради преку Фудбалската федерација на Македонија преку “хет-трик” програмата на УЕФА во соработка со општина Штип и ФК Брегалница.

Се вчитува...