Штип е неосвоива тврдина – го знае сега тоа и АП Брера од Струмица (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Штип и тоа како е неосвоива тврдина во фудбалска Македонија, низ досегашниот тек од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Го почувствуваа тоа претходно Силекс и Гостивар, а од денеска и лидерот АП Брера од Струмица.

Брегалница под водство на својата легенда Горан Здравков игра веќе добро препознатлив фудбал, повеќе од квалитетен пред се пред својата публика. Токму затоа и можеби не чуди денешниот триумф над досега непобедливите струмичани. Но, „сините“ среде Штип знаеја, сосема заслужено, како да го соберат „скалпот“ на АП Брера.

Извонреден гол на Костариканецот Фабрицио Венегес кој веќе се издвојува како нов миленик на штипската публика, сето тоа дополнето со одличниот на голот Мартин Давков кој спречи и удар од белата точка на струмичани, но дополнето буквално со целиот тим кој извонредно храбро се бореше во битката за трите бода… Веројатно како дополнителен мотив низ следните натпревари, Брегалница конечно да дојде до бодови и на гостински терен!

 

 

Се вчитува...