Македонскиот претставник во одбојкарскиот Челинџ куп Штип вечерва славеше над норвешки Кол со 3-0 (25-18, 25-23, 25-16) и со победа во златниот сет (15-8) го избриша минусот од првиот дуел (1-3) во Норвешка.
Домаќините од првиот поен диктираа темпо и рутински го решија првиот сет со 25-18. Во вториот Кол пружи најсилен отпор, водеше со 15-18 и изгледаше дека ќе израмни во мечот, но Штип УГД со серија од 10-5 го презеде водството и со 25-23 го реши прашањето на победникот.
Третиот сет беше рутина за домашниот тим. Одбојкарите на Штип ја прегазија противничката екипа и со убедливи 25-16 успеаја да изборат златен сет. Таму беа сигурни со 15-8 за испишување историја за својот клуб. Во следното коло Штип УГД ќе се сретне со италијанскиот Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

