Штип УГД и Борец ќе водат борба за шампионската титула

Одбојкарите на Штип УГД и Борец ќе се борат за шампионската титула во Првата лига мажи, откако двата тима ја потврдија фаворитската улога и очекувано, во два натпревари ја затворија полуфиналната серија на плејофот.

Штип УГД пласманот во финалето го потврди со две максимални победи над Работнички 71&22 и најави дека сезонава ќе атакува на двојната круна.

Борец, пак, стави крај на доминацијата на Струмица 47&72, која во изминативе седум години во низа ја чуваше во свој посед шампионската титула. Велешкиот тим исто како и на првиот меч и во реваншот славеше со 3:1 во сетови. Во салата „Парк“ во Струмица домашните одбојкари тргнаа сигурно и поведоа со 1:0, но Борец се врати комплетно во продолжението и потврди дека ќе го одмери силите со Штип УГД и во борбата за вториот пехар сезонава.

Серијата од финалето на плејофот, која се игра во три добиени дуели, треба да стартува на средината на април, на терен на Штип УГД.

Се вчитува...