Штипјанецот Шекуларац ќе добие споменик пред „Маракана“

Фудбалскиот клуб Црвена звезда соопшти дека в сабота, на 7 декември, пред натпреварот против Тексстилац, ќе открие споменик на поранешниот играч и тренер на црвено-белите, Драгослав Шекуларац.

Свеченото отворање на споменикот на втората ѕвездина, ѕвезда е закажано за в сабота во 15 часот и 45 минути пред натпреварот од 18. коло на српската Суперлига против Текстилац. Споменикот ќе се наоѓа на западната страна од стадионот „Рајко Митиќ“.

„Големиот Драгослав Шекуларац народот го паметеше како „кралот на дриблингот“. Неговите современици често истакнуваа дека никој пред и по втората ѕвезда на Звезда немал таква страст за фудбалот“, се вели во соопштението.

Шекуларац е роден во Штип на 8 ноември 1937 година, а починал на 5 јануари 2019 година. Со своите голови и игри во дресот на Звезда ја заслужи титулата еден од најдобрите играчи на белградскиот клуб на сите времиња.

Се вчитува...