Одбојкарите на Штип УГД загубија со 3-1 во својот прв натпревар во ЦЕВ Челинџ Купот, на гостувањето против норвешки Кол Ил, но успеаја да освојат еден сет кој може да биде значаен на реваншот во Македонија за пласман во следната рунда натпревари.може да биде доволен за следната рунда, но за тоа ќе биде потребна максимална победа на домашен терен.
Избраниците на тренерот Кристиан Ристески одиграа одлично на отворањето на мечот, но поради неискуството несреќно го загубија првиот сет со 35-33. По голема борба нашиот претставник успеа да го добие вториот сет со 22-25 а потоа следеа нешто подобри сетови на Норвежаните кои ги добија со 25-18 и 25-23.
Реваншот ќе се одигра следната недела во салата „25 Мај“ во Радовиш, а штипјани за пласман во следната фаза ќе мора да одат на максимална победа.
Македонскиот шампион Струмица, пак, загуби со 0-3 (18-25, 12-25, 24-26) на гостувањето во Чешка, кај Чешке Будејовице во првиот натпревар од првата рунда на ЦЕВ Купот.
Најефикасен во редовите на нашиот претставник беше средниот блокер Филип Маџунков со 10 поени. Младиот Јован Милев запиша девет поени, додека Владо Милев и Кристијан Илијев освоија по шест.
Реваншот се игра на 19 ноември во 19 часот во салата “Парк” во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

