Што бара Меси меѓу финалистите за “The Best”?

ФИФА попладнево ја објави скратената листа од тројца финалисти за признанието “The Best” што светската куќа на фудбалот ќе го додели на најдобриот играч за 2020 година.

Роберт Левандовски е апсолутен фаворит за наградата по одличните игри со Баерн Минхен и освоената титула во Лигата на Шампионите, но изненадување е што крај полскиот голгетер на листата на финалисти се најдоа Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Станува збор за играчите кои во последните петнаесетина години доминираа на фудбалската сцена, но особено кога станува збор за Меси, Аргентинецот имаше потпросечна сезона според негови стандарди. Без оглед на тоа, ФИФА реши да го вклучи асот на Барса во листата од тројца финалисти иако тој играше слабо и кон крајот на ланската, а особено на почетокот на новата сезона.

Од останатите конкуренции, финалисти за наградата за најдобар голман се Мануел Нојер, Алисон Бекер и Јан Облак, додека за признанието за тренер на годината ќе се борат Ханси Флик, Јирген Клоп и Марсело Биелса.

Се вчитува...