Што би бил Лука Модриќ да не е фудбалер?

Играчот од средниот ред на Милан, Лука Модриќ, откри што би правел ако не беше фудбалер, еден од најдобрите во светот во последните две децении.

Хрватскиот репрезентативец стекна слава играјќи за Реал Мадрид, каде што освои бројни трофеи, а пред да дојде во шпанската престолнина беше член на Тотенхем и Динамо Загреб.

„Ми се допаѓа нормалноста. Нормално семејство, нормален живот, мали нешта. Не се чувствувам посебно. Никогаш не мислев дека сум над никого. Ако не бев фудбалер, веројатно ќе бев келнер. Бев добар во тоа, уживав. Одев на училиште за хотелски менаџмент. Во првата година, стажиравме во ресторанот „Марина“ во Задар, каде што се одржуваа свадбени забави. Служев пијалоци, а хрватските свадби вклучуваат многу пиење. Единственото нешто што не ми се допаѓаше беше миењето садови“, изјави Модриќ. 

Модриќ потпиша договор со Милан во летото 2025 година и постигна еден гол со две асистенции на 16 натпревари од Серија А.

Се вчитува...