Што би било кога би било: Македонија го имаше Џикиќ, но тогаш…

Александар Џикиќ приреди сензација на Евробаскет 2025 откако како селектор на Грузија го зеде скалпот на фаворизираната Франција, остварувајќи историски успех за грузиската репрезетнативна кошарка.

За нас, кои десет години ги гледаме овие изданија на Евробаскет само на ТВ, вкусот е уште погорчив, ако се знае дека пред токму десет години Џикиќ беше селектор на Македонија, требаше да ја води нашата национална селекција на Евробаскет 2015 во Загреб, но доби отказ на 45 дена пред стартот на шампионатот.

За потсетување, Македонија и покрај значителната смена на генерации предводена од овој српски стратег успеа да ги мине квалификациите и да стигне до билет за ЕП 2015, но во меѓувреме дојде и до смена на чело на федерацијата, Петар Наумоски застана на чело на куќата на кошарката на местото на Даниел Димевски.

И веднаш се појавија сериозни проблеми и недоразбирања, според некои информации Џикиќ ги барал преостанатите пари од договорот одапред, плашејќи се дека нема да биде исплатен бидејќи Наумоски и соработниците од првиот ден во тој период се жалеа на лоша финансиска состојба во федерацијата.

На крајот, беше донесена одлука што се покажа катастрофалнна за македонската репрезетатива кошарка – Џикиќ беше разрешен од Комитетот за итност во МКФ, и тоа – ПОРАДИ НАРУШЕНА СОРАБОТКА И НЕДОВЕРБА ВО ОРГАНИТЕ НА ФЕДЕРАЦИЈАТА.

Наумоски за селектор на ЕП го именуваше Марјан Србиновски со кого не ја минавме групната фаза, а потоа избор на тогашниот претседател беше Србинот Раца, убедливо најслабиот селектор во историјата на македонската кошарка, по што националниот тим се побрзо и побрзо тонеше….

Да се направеше вистински напор за нарушената соработка да биде продолжена, а довербата на релација селектор – федерација беше вратена, веројатно немаше да бидеме онаму каде што сме сега. Џикиќ дефинитивно немаше да ни остане селектор десет години, но ќе беа поставени поздрави темели место да го допреме дното, па одвреме-навреме да мораме да играме и претквалификации за ЕП, подолу од тоа не може.

Но за жал, Македонците во спортот низ годините се покажале како да се шампиони за тоа – егото да го надваладее разумот… и сами да си „пукаме во нога“.

Се вчитува...