Во ситуација кога Денвер по десет години соработка го отпушти тренерот Мајк Мелоун, сите погледи на синоќешното гостување во Сакраменто беа свртени кон Никола Јокиќ.
А српскиот центар уште еднаш покажа дека е повеќе од играч за Денвер, целосно преземајќи ја одговорноста и носејќи го својот тим до победа од 116-124 на ова незгодно гостување. Дејвид Аделман дебитираше на клупата на Денвер, но Јокиќ јасно покажа кој е кој, на еден од тајмаутите земајќи ја таблата и цртајќи ја акцијата по која неговиот тим рутински реализираше.
Тој одигра онолку колку што требаше, и сепак успеа да стигне до трипл-дабл, реализирајќи 20 поени, 12 скокови и 11 асистенции, за својот 33. трипл-дабл сезонава, вкупно 181. во НБА-кариерата.
Nikola Jokic agora é o técnico do Denver Nuggets https://t.co/zbQUR0rZLH
— NBA do Povo
(@NBAdoPovo) April 10, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА