Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез ги исфрли првите „отровни стрели“ кон организаторите на Европското првенство 2024 по случувањата на мечот со Турција.
Португалија победи со 3-0, но дуелот го одбележаа бројните прекини поради втрчувањата на терен од страна на навивачи. Неверојатно за вака големо натпреварување, имаше дури пет втрчувања на теренот од навивачи кои сакаа селфи-фотографија со Кристијано Роналдо.
Како за многумина сето тоа беше симпатично, селекторот на Португалија не мисли така.
„Што ако намерите им беа лоши? Само еден момент невнимание може да биде опасен. Играчите се изложени и мора да бидеме внимателни. Ова не треба да се случува на фудбалските терени, има многу редари и осигурување но како сето тоа да не функционира. Чудно за организатори како Германија. Веројатно треба и поучно да се делува на навивачите дека тоа не е начин. Се надевам дека мерките ќе бидат засилени во иднина“ – рече Мартинез.
Португалскиот селектор беше револтиран и од тоа што, при еден обид на редарите да фатат навивач на терен, беше повреден и 23-годишниот Гонсало Рамос кој заврши покосен на тревникот.
Goncalo Ramos gets scythed down by a two-footed lunge from a security guard pic.twitter.com/0RYLP7QAx8
— The Daily Soccer (@thedailysoccer) June 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА