Што гледаше судијата: Фелаини влечеше за коса, не доби ниту жолт картон (ВИДЕО)

Маруан Фелаини покажа зошто важи за еден од „најнечистите“ фудбалери во Премиер-лигата, откако имаше брутален старт врз Матео Гвендузи на вечерашното дерби меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал.

Младиот фудбалер на „топчиите“ умешно го мина искусниот Белгиец, кој во немоќ го повлече Гвендузи за косата. Гвендузи има фризура слична на онаа што до неодамна ја имаше и Фелаини, дел од фановите по социјалните мрежи веднаш почнаа со шеги дека Белгиецот си ја сака косата назад, но останува дилемата што гледаше судијата, кој не го санкционираше со картон ваквиот старт на фудбалерот на Манчестер јунајтед.

 

Се вчитува...