„Што го уништува Јунајтед? – Роналдо е најзаслужен за лошата атмосфера во клубот, тој предизвикува страв!“

Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека Кристијано Роналдо е „најзаслужен“ за лошата атмосфера во Манчестер Јунајтед. Неговото враќање во Манчестер ги разбуди надежите на „црвените ѓаволи“ за подобри денови за нивниот клуб, како оние кога Португалецот го помина првиот мандат на „Олд Трафорд“. Сепак, работите сега се многу поинакви.

Заминувањето на Сер Алекс Фергусон го дестабилизираше Манчестер и тоа продолжува до ден-денес. Роналдо стана една од најистакнатите фигури во историјата на клубот и воопшто на светскиот фудбал. Неговата глад за победа понекогаш преовладува над здравиот разум, па според поранешниот играч на Баерн Минхен, Њукасл и Ливерпул, Дитмар Хаман, стравот е веќе посеан во соблекувалната на Манчестер Јунајтед.

„Има прашалници кога е Роналдо во прашање. Дали навистина се меша во тимот и дали играчите се плашат од него?“, праша Хаман.

Тој смета дека играњето на Кристијано во Манчестер особено негативно влијае за Џејдон Санчо, кој минатото лето беше платен 100 милиони фунти во Борусија Дортмунд, но засега не оправда ни денар од оваа сума.

„Мислам дека во моментов, во средина каква што е Манчестер Јунајтед, е многу тешко за новодојденец. Не изгледа како здрава средина за нов фудбалер да работи од првиот ден. Секој играч треба претходно да знае како функционира Премиер лигата. Особено е тешко да се игра со фудбалер кој има голема амбиција, човек како Роналдо“ изјави Хаман, изразувајќи надеж дека Санчо наскоро ќе заигра подобро.

Се вчитува...